За Вардар

Започна се од група млади ентузијасти и вљубеници во ватерполото, кога ватерполото во Македонија беше на самото дно. Имавме визија да создадеме клуб кој ќе биде синоним на пливањето, ватерполото и општо водата и водните спортови, со цел Вардар да биде синоним на успешност на градот Скопје и државата.
Синоним на пожртвувана работа, многу труд и големи амбиции, низ годините покажавме како може да успее и да заживее една убава приказна во која се вложило многу труд, љубов и знаење собрано во текот на нашите кариери. Денеска Вардар 8 брои преку 150 деца како и преку 8 стручни тренери, со квалитетн систем и методологија на работа, систем кој докажано создава нови шампиони не само во ватерполото туку и во пливањето.
Ние сме единствен клуб во државата што паралелно работиме пливање и ватерполо и остваруваме успеси и на двете полиња. Голема е и честа што можеме да се пофалиме и дека сме единствен клуб кои работи и има подрачна единица и во градот Куманово каде го имплементираме нашиот систем и методологија на работа заедно со локалната самуправа во градот.
Горди сме на тоа што работиме на проект кој ќе го направи градот Куманово успешен град во пливањето и ватерполото. Секако сме далеку од крајната цел, нашата цел е Македонија да има пливање и ватерполо секаде каде што има базен и услови истото да се имплементира и ќе се бориме со сите наши сили тоа да го реализираме!

Членови

Освоени медали

Тренери

Стручен тим

АЛЕКСАНДАР ЃОРЃЕВСКИ

Претседател

МАРИЈА СТОЈЧЕВСКА

Педагог

АНГЕЛЕ СТЕФАНОВСКИ

ВАТЕРПОЛО ТРЕНЕР

ВЕДРАН МАРКОВСКИ

ТРЕНЕР НА НАПРЕДНИ ПЛИВАЧИ (LEVEL 4)

АЊА ПОПОВИЌ

ТРЕНЕР ВО МАЛ БАЗЕН (LEVEL 1)

АНА ЈАНЕВСКА

ТРЕНЕР ПО ПЛИВАЊЕ (LEVEL 2 И 3)

ДАНИЕЛ МЛАДЕНОВСКИ

КОНДИЦИОНЕН ТРЕНЕР