Група за пливање

Пливањето е еден од фундаментите на нашиот клуб, со самото тоа му посветуваме голем дел од нашата енергија. Тренинзите се водени од тренери со долгогодишна пливачка кариера.

Група за ватерполо

Овој спорт важи за еден од најтешките спортови во светот, но и најздравите. Со самото тоа, за нас претставува голем предизвик и задоволство создавањето нови ватерполисти.

Група за возрасни

Научете правилно да пливате и после 18тата година, притоа подобрувајќи го вашето психофизичко здравје и ослободете се од секојдневниот стрес.

Индивидуални часови

Концептот на работа 'еден на еден' се покажува како еден од најквалитетните концепти каде напредокот е евидентен уште после првите тренинзи.